Вести Македонија Топ вести

Кривична за ексградоначалникот на Струмица за злоупотреба на постапката за набавка на електрични автобуси – Костадинов ги отфрла обвинувањата

Струмичкото обвинителство поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Струмица, Костадинов за набавката на електричните автобуси за јавен транспорт во градот и населените места. Обвинителството го сомничи за кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Покрај Костадинов кривична за несовесно работење во службата има за уште четири лица, две од Струмица, и по едно од Богданци и Ново Село. Станува збор за директорот на претпријатието, претседателот и членовите на Комисијата за јавни наабвки во „Струмица Транспорт“. Кривична има уште против едно лице за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство и за несовесно работење во службата.

„СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против К.К. (35) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, против Д.П.С. (61) од Струмица, К.Б. (37) од Богданци, Л.Ј. (63) од село Ново Село, струмичко и Л.Ѓ. (62) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Г.П. (58) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека помогнал во извршувањето на кривичните дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ и „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.

Поранешниот градоначалник се сомничи дека ги повредил правилата на постапката за јавна набавка на електрични автобуси за потребите на јавното претпријатие „Струмица-Транспорт“ со ангажирање на пријавениот Г.П. како одговорно лице задолжено за одговори на технички прашања, учество во техничката евалуација на понудите, надзор над имплементацијата и целосна реализација на договорот, иако тој не ги поседувал потребните стручни квалификации и потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката издадена од Комората за овластени архитекти и овластени инженери.

Исто така, обвинителството го сомничи Костадинов дека свесно ги повредил и прописите на постапката за јавна набавка преку договарање со Г.П. на тој начин што во тендерската документација биле наведени спецификации кои недвосмислено и речиси идентично одговарале токму на спецификациите на набавените електрични автобуси.

Обвинителството во образложението вели дека со наведените дејства биле набавени 10 електрични автобуси за износ од околу 450 милиони денари со што е причинета материјална штета од поголеми размери, а со отсуството на лице со неопходните стручни квалификации и со потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката доведени се во прашање реалната вредност, квалитетот, безбедноста и веродостојноста на техничките спецификации на набавените електрични автобуси.

„Пријавениот К.К., во својство на поранешен градоначалник на општина Струмица ги повредил правилата на постапката за јавна набавка на електрични автобуси за потребите на ЈСП „Струмица-Транспорт“ од Струмица со ангажирање на пријавениот Г.П. како одговорно лице задолжено за одговори на технички прашања, учество во техничката евалуација на понудите, надзор над имплементацијата и целосна реализација на договорот, иако тој не ги поседувал потребните стручни квалификации и потребната лиценца А за надзор од областа на електротехниката издадена од Комората за овластени архитекти и овластени инженери. Пријавениот К.К. свесно ги повредил и прописите на постапката за јавна набавка преку договарање со Г.П. на тој начин што во тендерската документација биле наведени спецификации кои недвосмислено и речиси идентично одговарале токму на спецификациите на набавените електрични автобуси“, се вели во соопштението.

Поранешниот градоначалник Костадинов, пак, ги отфрла обвинувањата за кривичното дело. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук вели дека тоа бил проект од стратешко значење, инициран од Општината и изгласан од Советот на Општина Струмица со јасни насоки за формирање на јавно претпријатие и спроведување на јавна набавка. Тој потенцира дека стои на располагање на надлежните институции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 69 гласови „за“ избрани новите министри

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 15.7.2026

meteo

Мицкоски се извини: „Тоа никогаш нема да ни се повтори“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе