Вести Македонија Најважни

Мајки на жртвите од „Пулс“: Со транспарент ќе ги потсетиме дека се виновни за изгубени 63 животи

Мајки на жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска пред судењето, упатија апел до обвинетите дека е контрадикторно што никој од обвинетите на минатото рочиште не признал вина.

Тие пред судницата поставија транспарент на кој се 63 те жртви како потесетување за големата трагедија и згаснатите животи.

Мајките прашаа, како може после толку изгубени животи и сопственикот на дискотеката и неговиот син како и останатите обвинати да немаат чувство на вина и да се изјаснат за невини, порачаа дека ќе се борат до крај за правда, а 63те изгубени животи ќе ги следат како сенки сите оние кои себеси се сметаат за невини во трагедијата.

Судењето денеска се одвива со воведни зборови на одбраната, откако на минатото рочиште сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. Адвокатите на обвинетите истакнуваат дека нивните клиенти не презеле дејствија со директна врска со трагичниот настан и дека поседувале валидна документација.

Одбраната најави изведување докази и сведоци кои, според нив, ќе покажат дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на лична вина.

На обвинителната клупа се 37 обвинети – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

К.К.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе