Денеска на обвинителната клупа треба да седне поранешниот претседател на ДКСК, Татјана Димитровска, која беше обвинета во случајот „Адитив“ за оддавање службени податоци и фалсификување исправа, што ја натера да се повлече од функцијата.
До сега рочиштата за неа беа одложувани, а беше закажано и подготвително рочиште.
Со нбејзината оставка од функцијата остана празно претседателското место во ДКСК, но вчера Собранието избра нов претседател, Адем Чучуљ, со сите 82 гласа „за“.
Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит и речиси две децении работи како генерален секретар на Комисијата.
Неговото долгогодишно искуство во борбата против корупцијата и разбирањето на судирот на интереси се оценети како клучни предности за водството на ДКСК.
Со 96,5 бодови од Комисијата за селекција, Чучуљ ја доби највисоката оценка за својата професионална кариера и визијата за иднината на ДКСК… Пратениците со својата единствена можна поддршка ја потврдија довербата во него, што покажува широка политичка согласност за неговото назначување.
