Вести Култура

Премиера на претставата Анна во театар Комедија

Претставата „Анна“ по текст на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ, ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија во Скопје. Ова е десетта премиера на Театар Комедија за 2025 година.

– Ана има сè – углед, стабилност, совршено семејство. Но зад затворените врати се крие една друга вистина: таа е невидлива во својот живот. Кога го среќава Алексеј, страста ѝ дава илузија за слобода. Но, дали навистина може да се ослободи? Драма за жената која избира да има избор и ја плаќа цената на својата одлука. За бракот во кафез и бунтот кој станува ново ропство. За вечното прашање: Што губиме кога се обидуваме да се најдеме? Драмата е инспирирана од „Ана Каренина“, но не претставува нејзина драмска адаптација. Дали светот е навистина променет, дали ние луѓето сме навистина променети, дали денеска после 150 години Ана има шанса да победи? , прашува Нина Николиќ во нејзината режисерка експликација.

Сценографијата, дизајнот и графичката реализација се на Илина Ангеловска. Костимите – на Ивана Каранфиловска Угуровска. Музиката е дело на Оливер Јосифовски. Насловната улога ја толкува Маја Љутков, а играат и Благој Веселинов, Саша Ханџиќ, Маја Зеќо и Тони Денковски ( со глас).

Последната премиера за годинава во Театар Комедија, публиката ќе ја дочека во ново гледалиште со 305 целосно нови столчиња и ПВЦ-под, што со заеднички сили го овозможија Министерството за култура и туризам и Амбасадата на Република Полска во земјава, преку програмата „Полска помош“, на Владата на Република Полска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе