Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека во сите разговори за мировен план со Русија мора да биде вклучена Украина.
Деталите за разговорите остануваат оскудни, а премостувањето на јазот меѓу страните е предизвик.
Зеленски беше во Ирска вчера за да ја продолжи својата европска турнеја и за да ја одржи поддршката против руската инвазија.
-Важно е сето ова да биде отворено, фер и праведно. За да нема одење зад грбот на Украина. Ништо нема да се одлучи без Украина за Украина, за нашата иднина, вели украинскиот претседател Зеленски.
