Вести Македонија

(ВИДЕО) Тошковски за брзината со која се возат министрите и дали за нивните службени возила важи 50 км/ч во очите на “Сејф сити”

На прашање на Телма, дали и тој денеска од службите на МВР беше возен под 50 километри на час, Тошковски вели дека брзината на движењето на ВИП функционерите од безбедносни причини ја определуваат надлежните служби.

Но, министерот вети дека ќе има казни за сите кои возат пребрзо, па дури и за министри кои сами возат кога не се на работа, па посочи дека знаел за најмалку тројца возачи на министри или министри кои биле казнети- но не ги кажа по име.

Тошковски, во конверзација со новинарот на Телма, Миомир Серафиновиќ, оцени дека прашањето треба да иницира “шмек” на темата сејф сити и е обид да се зборува дали и државните функционери кои се под посебни  безбедносни протоколи се возат со ограничување на брзината.

Во продолжение, видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

ВЛЕН: Шест министерства за уште посилен мандат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе