Дефицитот во Пензискиот фонд се продлабочува? Кое е решението за стабилизирање на финансиската состојба во ПИОМ. На оваа тема, вечерва во Топ Тема дебатираат Никола Мемов, директор на ПИОМ и Павле Гацов, даночен експерт.
- Направивме реформа во пензискиот систем кога стартувавме со капитално финансиран пензиски систем, кога по сила на закон некои мораа некои ако сакаа влегуваа во тој систем и додадовме доброволно финансиско финансирање врз основа на штедење. Во меѓувреме бидејќи тој режим подразбираше значаен дел од ставката за придонесот за ПИОМ да оди во вториот столб што значи дека алиментирањето во пензиите отпадна да се врши во таа една третина и во моментов е 6%. Бидејќи изворот се намали, затоа и дефицитите се зголемија. Но вакво нивелирање на долг рок ќе се случи после 2035 година, според некои мои пресметки кога ќе се стартува позначајна исплата кон овие приватни „пензионери“, бидејќи ќе се намали товарот на исплата на државниот фондрече во вечерашната Топ Тема Павле Гацов, даночен експерт.
Според него мораме да имаме во предвид дека, според последните информации на сите пензиски друштва што управуваат со овие фондови, се собрани отприлика околу три милијарди евра, а имајќи во предвид дека ние секоја година уплаќаме само за таа намена околу 300 милиони, отприлика, тоа значи дека ние за десет години треба тоа да го покриеме.
- Но, очигледно не успеваме и затоа (пензиските реформи никогаш не се правата за шест месеци, туку за десет дваесет години) во овој момент ние имаме проблеми со дефицитното финансирање на исплатата на пензиите, вели Гацов, „на некој начин сите граѓани алиментираат во Фондот од којшто се исплатуваат пензиите од најсиромашните до најбогатите преку јавните давачки“.
Гацов порача дека треба да се внимава со овие линеарни зголемувања на пензиите бидејќи тогаш дефицитното финансирање на ПИОМ расте, бидејќи се пробиваат параметрите кои што произлегуваат од реалната економија – порастот на платите и порастот на трошоците на живот.
На прашањето колку линеарните зголемувања се мотивирачки или демотивирачки за работниците кои во иднина треба да очекуваат пензии, Гацов вели дека „се работи за промена на природата на играта додека истата трае, бидејќи играта трае до последниот ден на животот на пензионерот. Додека бил вработен уплаќал големи износи, очекувајќи поголема пензија и одеднаш некој тоа правило на игра го руши.
- „На некој начин нема офсајт и сите даваат голови од каде што сакаат, правилата стануваат „проточен бојлер“ и мислам дека ова не е добро решение. Посебно за младите кои гледајќи го ова ќе се наклонат кон приватните доброволни пензиски фондови, рече Гацов во Топ Тема.
