Вести Македонија Топ вести

Тошковски ветува дека ќе има казни и за министрите кои сами ќе возат брзо – досега тројца возачи на функционери биле казнети

Сејф сити продолжува со штанцање опомени во пробниот период, за 24 часа во Скопје се испратени над 110 илјади опомени од кои 90 отсто за пречекорување на брзината, вели министерот за внатрешни Панче Тошковски. Но, според реакциите на јавноста и споделените фотографии многу од опомените се за 51, 52 или 54 километри на час во зоните каде е максимум дозволено 50 на час, а статистика за брзините на опомените се уште нема во јавната дебата.

„Да ги отвориме сите прашања коишто се од интерес за јавноста, ама реално со факти и со бројки, а не напамет и не од експерти коиш биле експратеници и притоа коментираат дали некој возел 51 и 52 и дали сторил кривично дело или прекршок итнтаму итнтаму, односно тврдат дека тоа не било за кривично дело, а не е ни предвидено како кривично дело. Односно 51 и 52, ако е дозволено 50, е прекршок, не е кривично. Но ако удрите човек со 52, а притоа истиот загине, тогаш е кривична дел. Најодговорно тврдам, не постои сообраќајна незгода со смртни последици којашто е настаната како последица на почитување на сообраќајни права. Не постои такво нешто“, изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. 

На прашање на Телма, дали и тој денеска од службите на МВР беше возен под 50 километри на час, Тошковски вели дека брзината на движењето на ВИП функционерите од безбедносни причини ја определуваат надлежните служби. Но, вети дека ќе има казни за сите кои возат пребрзо, па дури и за министри кои сами возат, па посочи дека знаел за најмалку тројца возачи на министри или министри кои биле казнети- но не ги кажа по име.

Вториот пропуст во првиот ден на животот на возачите со Сејф сити- е испраќање на опомени на телефони кои не се во сопственост на оние на кои им е констатиран прекршокот. Односно дека лични податоци се испраќаат на други луѓе. Констатирано е и се работи, вели министерот кој поради се уште недонесените закони вели дека се размислува за одложување на вистинската примена на системот за еден месец.

„Чекавме да видиме како ќе изреагира самиот систем и како ќе изреагира и јавноста,, но  и како ќе е целокупниот одговор, барем недела две, веќе да го пуштиме во употреба за да можеме да влеземе со предлог законските решенија во рамки на собраниска процедура. А инаку, да, целта е да ги затвориме заклучно со 01.01.2026 година и да отпочнеме со имплементација. Сме на мислење дали тоа да биде сепак 01.01 или да биде 02.01. Зошто? Поради тоа што не сакаме да наметнеме решение коешто нема да биде, да речам, подготвено за имплементација“ објасни  Тошковски.

Иако има многу поплаки, скопските возачи денеска забележливо беше дека возат пополека и посмирено под 50. Тошковски пак тврди дека целта не е собирање пари за буџет со казни туку ставање ред и намалување на бројот на жртвите во сообраќајот. Лани имало 142-ца загинати, а сите имаат роднини и блиски.Македонија е во европскиот врв со 78 загинати на милион жители, а целта е бројката да биде нула до 2050-тата година.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе