Вести Економија Топ вести

ЕСМ се задолжува за нови 58 милиони евра – трет кредит за нешто повеќе од една година

ЕСМ повторно се задолжи. Овој пат со кредит од речиси 60 милиони евра. Заемот е од три домашни банки – Стопанска, Комерцијална и Халк банка. Кредитот е со грејс период од две, а рокот на отплата 10 години. Каматната стапка од 1, 7 отсто заедно со националната референтна каматна стапка не треба да биде пониска од 4, 2 проценти.

Според, информациите парите ќе се користат за подобрување на ликвидноста, но и за реализација на проекти од зелената аганда.

За период од нешто над една година ова е трет заем на најголемиот производител со струја од домашните банки. Претходно со два кредита се задолжи кај нив за 110 милиони евра. Состојбата во државната компанијата веќе извесен период не е најдобра и работат со финансиски потешкотии.

Последно ЕСМ на Универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ му понуди повисока цена за домаќинствата и малите потрошувачи односно 65 евра за мегават. Тоа е три евра поскапо од сегашната, но далеку пониска од производната цена на електрани. Па, останува да се види како со вакви разлики во сумите и со централи кои не се во најдобра состојба ЕСМ ќе  ја подобри ликвинодта која е нарушена. Владата одлучи со пари од буџетот да не ги помага,  туку да се јавува како гарант при подигање на кредит. Премиерот Мицкоски пак е оптимист дека од 2027 компанијата ќе генерира  подобри резултати.

Ако се има предвид дека се намалува увозот на јаглен а потребно е да се зголеми производството на домашен јаглен се подготвуваат рударски проекти се акумулираше доволно енергија во хидроелектранит, очекуваме овој тренд да продолжи во 2026 и во 2027 година да се нетираат практично цената на чинење на електрична енергија и онаа цена која што ќе ја продаваат на пазарот, изјави премиерот Христијан Мицкоски

Според, последните податоци кои ги доби Телма од компанијата, минусот во касата на ЕСМ заклучно со септември надминува 90 милиони евра. За истиот период произведени се и околу 30 отсто помалку електрична енергија во однос на планот, а за да се надоместат потребите од струја компанијата за набавки досега потрошила над 60 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе