Адвокатот Арбен Мемети со статус на Фејсбук алармира за пропуст во Системот „Безбеден град“, поради што граѓани добиваат СМС и електронски опомени за сообраќајни прекршоци со туѓи лични податоци, вклучувајќи име, матичен број, лична карта и информации за возилото.
Мемети нагласува дека ова претставува сериозен системски ризик и прекршување на Законот за заштита на личните податоци, што ја загрозува приватноста и безбедноста на граѓаните, како и довербата во МВР.
Тој истакнува дека грешките отвораат прашања за точноста на казните и можни неоправдани правни последици.

Преку системот Сејф сити (Безбеден град) во првите 12 часа биле пишани околу 65 илјади опомени, најголем дел за пречекорување на дозволената брзина по скопските улици од 50 км/ч. Но, многумина добиле казна и за 51 км/ч, а еден од нив е и поранешниот пратеник Рубин Земон кој преку ФБ објави дека добил 3 опомени.… Продолжи со читање
Адвокатот бара итна проверка на системот, корекција на неажурните бази на податоци и воспоставување на безбедни процедури за обработка на лични информации, нагласувајќи дека граѓаните имаат право на сигурни и точни податоци без компромиси.














