Вести Економија Македонија Топ вести

Прекинат бојкотот во МЖ Транспорт, железничкиот сообраќај е нормализиран

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт.

– Имавме преговори кои вродија со плод,  дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и  бојкотот засега да се прекине. Сообраќајот е нормализиран ноќеска во 01.30 часот. Првиот  воз замина за Кумано во 4.57, изјави Тони Димовски, претседател на  Синдикатот на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.

Димовски најави дека ќе продолжи дијалогот со раководството.

До раководството на железникото претпријатие на 2 октомври биле доставени 15 барања, а откако немало исход донесена е одлука за бојкот. Дел од барањата се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.

Патничкиот железнички сообраќај во прекин – бојкот на машинскиот извршен персонал

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе