Вести Македонија Топ вести

Министрите Муцунски и Муртезани на средба со Калас во Брисел

Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашање Орхан Муртезани денеска во Брисел ќе имаат средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Според најавите, средбата се одржува во контекст на континуираната посветеност на земјата кон европскиот интегративен процес и заедничката заложба за унапредување на партнерството со Унијата, особено во областите на безбедноста и одбраната.

Во рамки на работната посета на Брисел, шефот на дипломатијата Муцунски утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Главни теми на министерскиот состанок ќе бидат имплементацијата на одлуките од Самитот на НАТО во Хаг, јакнењето на индивидуалните и колективните способности, како и обезбедувањето ефективна одбрана и безбедност.

На собирот ќе стане збор и за поддршката за Украина и заедничките одговори на актуелните безбедносни предизвици, вклучително и дестабилизирачките активности на злонамерни актери и стратешки конкуренти кои претставуваат закана за постоечката безбедносна архитектура и меѓународниот поредок.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Неизвесна наплата, нерационално управување со залихите, намалена ликвидност и сериозни проблеми со возниот парк, нотираа ревизорите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе