Вести Свет Топ вести

Мерц: Ќе се спротиставиме на каков било „наметнат мир“ врз Украина

Европејците цврсто ќе се спротивстават на каков било „наметнат мир“ врз Украина, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Тој нагласи дека нема да се донесе одлука за иднината на Украина без учество на самите Украинци и европските партнери, истакнувајќи дека единството на ЕУ и НАТО мора да остане недопрено.

Изјавата следеше по телефонски разговор со лидерите на Украина, Франција, Британија и Полска.

Мерц и Макрон веќе остварија координирачки разговори со американскиот пратеник Стив Виткоф и украинскиот главен преговарач Рустем Умеров.

Туск потврди дека европските земји се целосно усогласени по украинското прашање, нагласувајќи дека Европа останува цврсто посветена на продолжување на поддршката за Киев.

Тој предупреди дека единството на Европа е директно поврзано со исходот на војната и дека големите европски држави имаат „посебна одговорност“ да спречат какви било обиди за поделби во блокот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе