Отпочнавме постапка преку Светска банка за обезбедување на повеќе од 20 нови машини за потребите на „Комунална хигиена“, рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Тоа подразбира нова механизација, за дел од старата механизација, за која се одлеваат сериозни средства за амортизација и поправање, ја тргнеме на страна и настапиме со нови камиони. Го правиме. И во буџетот за наредната година ќе бидат предвидени одредени средства, дополнително како Град Скопје и „Комунална хигиена“ да инвестираме во нови машини и механизација“, најави Ѓорѓиевски.
С.Д.
