Средствата кои им следуваат ќе бидат исплатени. Повратот на парите од МОЈ ДДВ ниту е прекинат ниту откажан. Кај дел од спецификациите се појавиле технички проблеми кој побараа целосна преработка.
Ова стои како објаснување во соопштението од УЈП, во врска со доцнењето на парите од МОЈ ДДВ на што се пожалија дел од корисниците на апликацијата.
Во одговорот објаснуваат и дека ако постои дури и само едне налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка целата пратка системски се враќала и средствата не се исплаќаат до корисниците кои се во тој налог како и корисникот кој извршил промена. Пробелмот бил лоциран и службите работеле на истиот, без да прецизираат за колкав број на корисници станува збор кој направиле промена на банка или трансакциска.
Сепак, оние граѓани кои ги контактиравме велат дека немаат вакви промена, а уште ги немаат добиено парите од скенираните сметки.
Уверуваа и дека исплатата кај оние со валидни податоци е во тек, кај останатите ќе биде реализирана по завршување на техничката преработка. Апелираат до граѓаните кои вршат промена на банка или трансакција да направат ажурирање во системот, за да се избегнат ваквите проблеми.
Изминативе денови граѓаните се пожалија дека доцни исплатата на парите од скенирање сметки во последниот квартал.
