Вести Македонија

Министерството за здравство најави прераспределба на кадарот- синдикатот на Kлинички против овој модел

Министерството за здравство најави прераспределба на медицинскиот персонал, но Синдикатот на Клинички центар се спротивставува на предложениот модел. Според нив, на овој начин може да се наруши функционирањето на здравствениот систем. Тие сметаат дека не смее да се дозволи приватниот сектор да го „откупува“ професионалниот кадар, со што се ослабува јавниот здравствен систем во кој државата значително вложува преку образование и обука.

„Реформи и листи се најавени но не е јасно дали постои независен механизам за проверка и транспарентност. Може да се јават покрај распределбите, Гордна била на Неврологија сега може да оди во Делчево да работи зашто, затоа што може да биде и реваншизам, партиски. Кој ќе ја гарантира работата и прераспределбата според потребите“, вели Предраг Серафимоски претседател на синдикат на Клинички.

Од Министерството за здравство излегоа со податоци дека во државата има вкупно 3.779 здравствени установи, со над 32 илјади вработени — околу 18.500 во јавниот и речиси 14.000 во приватниот сектор. Но, од синдикатот предупредуваат дека овие бројки не ја отсликуваат реалната состојба, бидејќи дел од вработените се пред пензија, работат со скратено работно време или имаат ангажмани во приватното здравство.

„Во моментов во здравствениот систем не постојат обврзувачки стандарди, значи нема база за реална прераспределба. Земени се некои европски стандарди и ова не е критика ова е факт, самите бројки го покажуваат тоа и анализите досегашни. Бидејќи ние како здравствени работници не сме бројка, ние сме сепак ресурс кој треба да се почитува“, вели Гордана Димеска синдикат на Клинички.

Министерот Азир Алиу пред една недела го промовираше електронскиот регистар на сите здравствени работници, кој ќе биде задолжителен при секое ново вработување. Од Министерството уверуваат дека со ова ќе се спречат партиските, личните или телефонски влијанија при доделување специјализации и вработувања. Регистарот, велат тие, овозможува точни податоци за секој здравствен профил во секоја општина, што ќе покаже кои области се кадровски ослабени и каде има потреба од нови вработувања или прераспределба.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

(видео)Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува

Дејан Дејан

(видео)Кривична за 18-годишна девојка и две малолетнички за насилството врз девојче во Куманово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе