Родителите кои денес не ги пуштија своите деца да одат на настава во ОУ „Димо Хаџи Димов“ се потпишаа на предлог барања кои беа доставени до директорката и советот на родители.
Бараат јасен план за кој ќе обезбеди редовен и засилен санитарен надзор, строга контрола, врз операторот кој ја подготвува храната, протокол за хигиена на простории и санитарни јазли и конкретни чекори за спречување на сличен инцидент.
Дополнително родителите бараат и писмена гаранција за безбедност, односно да им се достави официјална изјава по спроведените контроли, потврда дека просториите, кујната и опремата се во целосна согласност со санитарните стандарди и гаранција дека сите ризици по здравјето на децата се елименирани.
Доколку училиштето не ги исполни своите законски должности, го задржуваат правото да ја вклучат општината, МОН, и другите надлежни институции, како и да иницираат постапки доколку наведените информации не бидат обезбедени.
Потсетуваат дека неспроведувањето на законските одредби, претставува сериозен пропуст и повреда на повеќе нормативни акти, за што училиштето сноси управна и материјална одговорност. Не прифаќаат усни ветувања и неофицијални информации.
Т.Д.
