Балкан Вести

Видео: Владејачката СНС победи во трите општини во Србија каде се одржаа локални избори

Мионица, Неготин и Сечањ  победија на листите собрани околу СНС. Српскиот претседател Александар Вучиќ им се заблагодари преку видео порака на Инстаграм на граѓаните за нивната поддршка на локалните избори одржани вчера.

-Им се заблагодарувам на луѓето за нивната голема поддршка, и од утре почнуваме да ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме, рече Вучиќ.

 

Вучиќ синоќа изјави дека СНС постигнала убедлива победа на локалните избори во Неготин, Мионица и Сечањ и истакна дека народот разбрал кој се бори за интересите на Србија.

Граѓаните на Мионица, Неготин и Сечањ вчера гласаа за советници на локалните парламенти, а денот на изборите беше обележан со низа инциденти, нерегуларности пријавени од набљудувачите на „Црта“ и „Крени-промени“, како и тепачка меѓу членови на СНС и граѓани во Мионица.

Општинската изборна комисија во Мионица денеска ги објави прелиминарните резултати од изборите каде изборната листа „Александар Вучиќ – Најдобро за Мионица“ освои 52,09 проценти од гласовите, односно 22 советнички мандати. Изборната листа „Обединети за Мионица“ освои 38,93 проценти од гласовите, или 16 мандати, а Социјалдемократската партија Марко Земан освои 3,68 проценти од гласовите, односно еден мандат.

Во врска со резултатите, студентската листа „Обединети за Мионица“ и опозициската листа „Обединети за Неготин“ објавија дека се задоволни од резултатите и покрај тешките услови во кои се одржаа изборите.

Редовни локални избори се одржаа во Мионица и Неготин, а вонредни локални избори во Сечањ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе