Вести Код Македонија Топ вести

КОД – Повеќе предмети за баждарење на мерни инструменти биле криени во фиоките на бирото за метрологија

Повеќе предмети за верификација, односно за баждарење на мерни инструменти, биле криени во фиоки во бирото за метрологија поради што државата не го наплаќала својот дел од таксите, открива КОД во вечерашното издание.

Новиот директор на бирото Седад Рушани, потврдува дека таков случај имало во минатото, а тој сега ја централизирал работата и чека ревизија да утврди колку предмети не се наплатени.

Во КОД вечерва и информации за мобилната лабораторија на бирото, која со години била паркирана на приватна бензинска пумпа, како и осврт на ризиците со јавните набавки по последните законски измени.

Во КОД и ексклузивно интервју со професор Гордон Флејк, еден од водечките светски експерти за стратешките односи во азиско- пацифичкиот регион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај „Рампа“ ставен под контрола, еден пожарникар повреден во неговото гасење

Дејан Дејан

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза

Дејан Дејан

Венс: Британците ги разочара водството, на земјата и се потребни големи промени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе