Вести Македонија

38 нови случаи со ХИВ/СИДА

За речиси една година во државата се регистрирани 38 нови случаи на заразени со Хив и сида. Иако Македонија е под европскиот просек, бројките носат сериозно предупредување. Инциденцата е 2,1 на 100.000 жители, но значително пониска од европскиот просек од 5,3, каде бројките растат побрзо. Од новодијагностицираните пациенти 37 се мажи, а само еден случај е жена.

„Просечната возраст на новите случаи е 35 години, а е во опсег од 23 до 64 години. 73,7% од случаите се на возраст од 20 до 39 години. Од анализата на пристигнатите пријави, од тие со достапен податок, се забележува дека во однос на веројатниот ризик за стекнување на ХИВ инфекција, регистрирани се 5 лица со хетеросексуална трансмисија и 29 лица од МСМ (мажи со мажи) популацијата“, се вели во извештајот на ИЈЗ.

 Начинот на пренесување на инфекцијата се случила преку сексуален контакт меѓу мажи, додека пет лица се заразиле преку хетеросексуален однос. Од откривањето на заразата, за речиси 40 години, во Македонија од СИДА починале 138 луѓе. Во извештајот на Институтот за јавно здравје пишува дека овие податоци ја нагласуваат потребата за превентивни програми и континуирана едукација на популацијата со највисок ризик.

„Со воведувањето на антиретровирусната терапија, преживувањето на лицата кои живеат со ХИВ е значително подобрено. Во последните десет години од 447 регистрирани случаи, регистрирани се 33 смртни случаи што претставува стапка на смртност од 7,4%“, се вели во извештајот на ИЈЗ.

 Најголемиот број случаи се во Скопје, а нема ниту еден пријавен во Струмица.

ХИВ останува глобален проблем од кој досега се регистрирани околу 44 милиони смртни случаи, а речиси исто толку луѓе минатата година живееле со овој вирус. Во светот, околу 630 илјади луѓе лани починале од оваа инфекција, а се заразиле 1,3 милиони луѓе.

Иако сe уште нема лек, со превенција, дијагноза, третман и грижа може да се третира како хронична состојба, овозможувајќи им на луѓето со ХИВ да живеат подолго.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе