Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали ќе биде во улога на прв вицепремиер. Ова го потврди градоначалникот на Општина Чаир и еден од лидерите на Вреди, Изет Меџити кој додаде оти останува да се дефинира Сали со кое министерство ќе раководи.
„Ќе нема реконструкција, ќе има главно пополнување на местата. Тие се финализираат. Она што е познато е дека Беким Сали ќе биде прв вицепремиер. Деновиве треба да се дефинира кој друг ресор ќе го покрива, а министер за екологија ќе биде Мухамед Хоџа“, рече Меџити.
Прашан дали министерот за здравство Азир Алиу ќе го замени Башким Бакиу, Меџити нагласи дека за сите детали околу евентуални смени на министри на одредени ресори ќе информираат.
С.Д.
