Вести Свет

ЕК: Претресот во станот на Јермак покажува дека украинските антикорупциски власти работат

Главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо, денеска изјави дека претресот на станот на шефот на кабинет на украинскиот претседател, Андриј Јермак, „покажува дека антикорупциските власти во Украина си ја вршат својата работа“, објавува британскиот весник „Гардијан“.

Портпаролката на ЕК, Пињо, нагласи дека истрагата е сè уште во тек.

Портпаролот за проширување, Гијом Мерсие, коментираше со сличен тон, велејќи дека претресот и истрагата „покажуваат дека антикорупциските власти навистина постојат и им е дозволено да функционираат“.

Дозволете ми да нагласам дека борбата против корупцијата е клучен елемент за една земја да се приклучи на ЕУ и бара континуирани напори и силен капацитет за борба против корупцијата. Ова е клучен елемент на кој се осврнуваме и во нашиот извештај за проширување објавен пред неколку недели, па затоа ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата, рече Мерсие.

Украинското специјално обвинителство за борба против корупцијата и Националното биро за борба против корупцијата денеска објавија дека го претресуваат станот на Андриј Јермак, шеф на кабинет на претседателот на Украина, без детали за истрагата во чии рамки се спроведува претресот.

Јермак потврди на социјалната мрежа Телеграм дека властите имаат „целосен пристап“ до неговиот стан, дека соработува со службеници на антикорупциски институции и дека неговите адвокати се присутни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Приведени осуммина кај кои полицијата пронашла дрога

Дејан Дејан

Во село Лабуништа пронајден човечки череп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе