Вести Економија Најважни

Од понеделник поскапува парното за да може да се подобри мрежата – оваа грејна сезона со рекорден број поплаки

Парното поскапува за да се подобри греењето. Од 1 декември за најголем дел од потрошувачите цената се зголемува за околу 6 отсто, железарското поскапува за 7,6 проценти, а на приклучените на топланата Скопје Север сметките ќе им пораснат за 7,7 отсто. Од РКЕ тврдат дека компаниите кои испорачуваат топлинска енергија побарале зголемување од околу 40 отсто и признавање на трошоците за вработување. Но, првиот регулатор Бислимовски тврди дека во пресметката на новата цена тие не се вкалкулирани.

Вели и дека овојпат цената се зголемува за ЕСМ да направи инвестиции во мрежа кои не се направени со децении и има проблеми. Оваа грејна сезона ја оценија како прилично лоша со рекорден број на поплаки. За октомври и ноември пристигнале над 27.000. Сепак, за подобрување на мрежата, ќе се чека крајот на грејната сезона.

„Единствена причина за зголемување на цената на топлинска енергија е потребата да се инвестира во таа дистрибутивна мрежа. Сакам да ги повикам граѓаните да имаат разбирање, бидејќи во оваа мрежа долги години не е инвестирано. И сигурен сум дека состојбата со оваа мрежа во идниот период ќе биде подобрена“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Идната недела треба да има одлука за нова цена за пренос и дистрибуција на струја. Но, тука нема да има промени. А какви сметки за електрична енергија ќе добиваат граѓаните од јануари, по одлуката за поскап мегават за домаќинствата, ќе се знае на средината на декември, кога се очекува Универзалниот снабдувач да ја формира новата цена на струјата.

„ЕВН  Хоум ќе направи пресметка како Универзален снабдувач, согласно законот за енергетика и таа пресметка ќе ја достави на увид до РКЕ“, додава Бислимовски.

Во меѓувреме, Уставен суд треба да одлучи дали ќе бидат укинати блокови кои беа воведени за време на криза. Според РКЕ, со нив се воведе дисциплина во трошењето на струја.

Новата цена на парното требаше да се донесе уште во текот на летото, но се чекаше извештај од Бирото за проценка. Градско греење користат околу 60.000 домаќинства. Но, проценките на регулаторите се ако се зголеми бројот на потрошувачи, сметките би се намалиле за околу 10 отсто.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе