За најголем дел од потрошувачачите од први декември цената за парното ќе се зголеми за 5,9 отсто. Потрошувачите приклучени на Железарското парно ќе плаќаат повисока цена за 7,6 отсто, а на топланата Скопје Север за 7,7 отсто.
Како што соопшти претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски, семејство кое плаќало 2200 денари сега ќе плаќа за 130 денари повеќе.
Зголемувањето на цената е поради неопходни ивестиции за санирање на топловодната мрежа.
Т.Д.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
