Педесет и две годишна турска државјанка, мајка на еден од обвинетите за убиството на 25-годишниот Енес Оздемери, физички нападна полициска службеничка која била ангажирана за обезбедување на првото судско рочиште во Апелациониот суд Штип што се одржа во текот на вчерашниот ден.
Од МВР информираат дека припадници на полицијата ја лишиле од слобода и најавија дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Судскиот процес вчера се одвиваше под засилено полициско обезбедување, со големо присуство на јавноста како и членови на семејствата на обвинетите, дојдени од Турција.
Убиството на 25 годишниот Енес Оздемери, кој беше застрелан со шест куршуми во кафуле на штипскиот Градски плоштад Слобода е дрско, извршено со умисла и претходно добро планирано, рече обвинителката од ОЈО Штип Билјана Анакиева, а пак одбраната на петмината обвинети тврди дека реакцијата на првообвинетиот Кара е реакција во миг, бидејќи тој пукал во нужна одбрана. Судскиот процес продолжува на 19 декември, за кога е најавено дека ќе бидат изнесувани докази.
Викторија Димитрова Јованова
Дигитална обработка: T.Д.
