ЈП „Водовод и канализација денеска со соопштение, водата во ОУ. Димо Џаџи Димов“ е исправна за пиење и не е причина за труењето на учениците.
Од таму информираат дека согласно земените мостри на 26-ти месецов, при извршен вонреден мониторинг по пријава од училиштето не се утврдени онечестувања во водата за пиење.
Секторот за санитарна контрола пак зеде четири примероци од училница и кујна за физичко-хемиска и микробиолошка анализа.
За неа како што рекоа ќе биде потребно повеќе време, а за денеска повторно е најавена изјава од страна на Институтот за јавно здравје на која се очекува да бидет споделени првични информации за евентуални наоди.
T.Д.
