Бројот на загинати во пожарот што избувна во станбените облакодери „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг се искачи на 128 лица, потврдија локалните власти.
Пожарот, кој е целосно изгаснат околу 10:18 часот по локално време (02:18 часот по Гринич), остави и најмалку 79 повредени, додека десетици луѓе сè уште се водат за исчезнати.
Властите соопштија дека 16 тела сè уште се наоѓаат во објектите, а 89 од пронајдените жртви сè уште не се идентификувани. За идентификација на починатите ќе бидат користени повеќе методи, вклучувајќи и ДНК анализа, јави Би-Би-Си.
Службениците на Противпожарната служба соопштија дека по избувнувањето на пожарот е извршена проверка на противпожарните аларми во сите осум блока и било утврдено дека тие не работеле ефективно. Ова претставува потврда на изјавите од повеќе жители дека нивните аларми не се огласиле кога избувнал пожарот. Властите најавија дека ќе преземат дополнителни мерки во врска со ова.
-Нашата операција за гаснење пожарот е речиси завршена. И покрај тоа, сè уште спроведуваме операција за гаснење пожар во четири поединечни единици и намалување на пожарот во различни единици од седумте блока, што е сè уште во тек, со цел да се спречи разгорување на остатоците и жарот. Следно е операцијата за пребарување и спасување. Ќе спроведеме операција за пребарување и (спасување) на преостанатите 25 повици за помош, а во исто време ќе се обидеме да овозможиме може влез во сите единици од седумте засегнати блока, за да се осигураме дека нема други можни жртви, изјави изјава Дерек Армстронг Чан, заменик-директор на противпожарните служби за операции.
Во операцијата за гаснење и спасување биле мобилизирани 391 противпожарно возило и 188 амбулантни возила. Повеќе од 2.311 пожарникари учествуваа во операцијата, при што 12 припадници на службата се здобија со повреди.
