Вести Македонија

Одложено рочиштето за прегазениот Југослав

За денеска во Основниот кривичен суд иако беше најавено, се одложи новото рочиште за случајот со прегазувањето на 68 годишниот пензионер Југослав Николовски во паркот на Франкофонијата од страна на 25-годишниот мотоциклист Фатон Љури. Причини се немањето спровод и полициска асистенција.

Случајот привлекува големо внимание во јавноста поради околностите под кои се случи несреќата и признавањето на вината од страна на обвинетиот кој на претходните рочишта призна вина за прегазувањето, но не и за тоа дека не му укажал помош.

Според обвинителниот акт, тој управувал мотор без возачка дозвола, по патека наменета за пешаци и со небезбедна брзина од 35 km/h, поради што не успеал да запре и го удрил пешакот, кој се здобил со тешки повреди. Повреден во овој случај беше и сопатникот на мотоциклистот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе