Вести Свет

Повеќе од 90 загинати во страотниот пожар во Хонг Конг

Расте бројот на загинати во страотниот пожар што зафати висококатен јавен станбен комплекс во Хонгконг.

Бројот се искачи на 94 мртви, 76 повредени додека над 300 лица се водат како исчезнати. Огнот целосно го опфати објектот „Ванг Фук Корт“, каде што евакуацијата траела со часови, а многу жители останале заробени во становите.

Пожарникарските служби соопштија дека гаснењето на пожарот е завршено, но потрагата по исчезнатите продолжува.

-Нашата операција за гаснење пожарот е речиси завршена. И покрај тоа, сè уште спроведуваме операција за гаснење пожар во четири поединечни единици и намалување на пожарот во различни единици од седумте блока, што е сè уште во тек, со цел да се спречи разгорување на остатоците и жарот. Следно е операцијата за пребарување и спасување. Ќе спроведеме операција за пребарување и (спасување) на преостанатите 25 повици за помош, а во исто време ќе се обидеме да овозможиме може  влез во сите единици од седумте засегнати блока, за да се осигураме дека нема други можни жртви, изјави изјава Дерек Армстронг Чан, заменик-директор на противпожарните служби за операции.

Сцените од местото се драматични – исцрпени жители примаат основни намирници, семејства ги бараат најблиските.

Истовремено расте и бесот на јавноста заради безбедносни пропусти кои, според многумина, ја зголемиле трагедијата.

Експертите предупредуваат дека материјалите поставени околу зградата за време на реновирањето не биле огноотпорни – од бамбусови скелиња до запаливи мрежи и градежни елементи.

Полицијата веќе уапси тројца директори на градежна компанија под сомнение за убиство од небрежност.

Според експертите , комбинацијата од многу високите згради, нивната блиска поставеност и запаливите материјали создала услови за пожар од размери со кои речиси ниту една противпожарна служба не би можела да се справи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе