Во главниот Граѓански суд во државата со години, од секогаш, не се користи лифтот, не знам дали е возможно, но сигурна сум дека може да се направи лифтот од Врховниот суд што го користат, бидејќи има два колку знам, изјави адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.
„Било кој граѓанин со попреченост нема пристап до правдата. И ние сме имале ситуации кога треба да испитуваат повозрасни граѓани, кои не можат да се качат по скали за да бидат испитувани. И тоа е многу смешна, комична, ситуација, во суштина трагична, кога судијата се симнува долу во холот, па се оджува долу тој цел записник, записничар и се. Тоа, во секој случај, е недостоинствено за тој што дава исказ, недостоинствено е за судијата, недостоинствено е за адвокатите, за секого е проблем. А во новиот суд, каде што треба да бидат сите, барем овие проблеми отстранети, направија лифт за четворица на седум ката, каде што сите треба да го користиме“, вели Јошевска Анастасовска.
С.Д.
