Македонија без одложување да премине во следната фаза од пристапните преговори со ЕУ, со исполнување на претходно преземените обврски, меѓу кои и уставните измени. Ова синоќа го усвоија како заеднички препорака македонските пратеници и европратениците кои се дел од Мешовитиот парламентарен комитете ЕУ – Македонија, кои одржаа нова седница во Стразбур, а со кој копретседаваат Иванка Василевска, пратеничќка од ВМР0-ДПМНЕ од македонска страна и Карло Реслер од страна на Европскиот парламент.
„Можам да ви честитам на сите и да објавам дека заедничките препораки се усвоени. Ви благодарам“, рече Карло Реслер, копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитете МК – ЕУ.
Комитетот откако во првата препорака констатира дека постои непоколеблив консензус меѓу политичките партии и граѓаните за пристапување во ЕУ и охрабрува континуиран дијалог меѓу сите засегнати страни за да се задржи фокусот на оваа стратешка цел, во втората препорака е децидна дека проширувањето треба да продолжи во рамки на Копнехашките критериуми, според индивидулани заслуги и исполнети критериуми и со исполнување на уставните измени.
„…Следната фаза од преговорите за пристапување да се одржи без непотребно одложување и штом ќе се исполнат релевантните услови утврдени од Советот; повикува, во овој поглед, на одлучувачки чекори за унапредување на процесот на преговори за пристапување во согласност со преговарачката рамка на ЕУ и за спроведување на претходно преземените обврски, вклучително и договорените уставни измени; го поздравува понатамошното унапредување на постепената интеграција на земјите-кандидатки во ЕУ, но сепак нагласува дека ова не е и не може да биде алтернатива на кредибилниот пат кон полноправно членство“, се наведува во препораката на Мешовитиот комитет.
Препораката 2. всушност е компромис на амандманот 11 на бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, усвоен од членовите на Мешовитиот парламентарен комитет.
„Амандманот 11 не е усвоен…. Во ред, се извинувам. Тој е усвоен како дел од компромисот број 2“, се поправи Реслер.
Комитетот, меѓу другото во 23 препораки, ја потенцира важноста на земјава за одржувањето добри односи со другите земји, како и спроведување на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија, со добра волја сите страни.
Воочливо во препораките од Комитетот, е што Македонија не е пофалена или е посочена како позитивен пример за мултиетничко општество, што досега беше пракса, туку само ја признава како таква.
„Признава дека Северна Македонија има мултиетничко општество, со посветени институции и ја нагласува важноста од негувањето хармонични меѓуетнички односи и соработка меѓу заедниците…“, се наведува во 8. препорака на Комитетот.
Како што дознава Телма, вордингот за Македонија од позитивен пример за мултиетничко општество е сменет на инсистирање на европратениците кои во изјави на високи официјални претставници на Македонија препознале националистичка реторика, со која се подгрева меѓунационалистичката омраза и нетрпеливост.
Тамара Грнчароска
Дигитална обработка: T.Д.
