Аце Боцевски нема да биде екстрадиран од Грција во Македонија. Судиите од жалбениот совет во судот во Солун освен што ја одбиле екстрадицијата поради застареност на случајот , одлучиле и да му ја укинат мерката притвор објави грчката Новинска агенција АНА-МПА.
Боцевски кој беше баран со потерница 28 години беше уапсен во мај годинава во грчкиот град Катерини а солунскиот суд одлучил да не биде испорачан во земјава поради застареност на случајот, објавија грчките медиуми
Од министерството за правда за телма велат дека немаат официјални информации дека Боцевски нема да биде екстрадиран.
Боцевски беше осуден на 15 години затвор за убиството на Сеат Ибраими среде бел ден во центарот на Скопје во ноември 1997 година.
Како како што објавија грчките медиуми, тој преку своите адвокати, изјавил дека во тоа време служел во личната гарда на тогашниот претседател Глигоров, и тврдеше дека бил цел на напади од политички причини.
Тврдел дека бил притворен 90 дена, а потоа пуштен на слобода, по што избегал со пасош издаден од властите на неговата татковина и се населил трајно во Грција каде сега има бизнис со соби за изнајмување во областа Пиерија, рекол во судот.
