Вести Македонија

Пет ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ се хоспитализирани – изворот на заразата ќе се знае утре

Пет ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со стомачни тегоби се хопиталзиирани на Детската клиника, а неколку други се третираат амбулантски.  Директорот на клиниката уверува дека во моментот сите се во добра здравствена состојба.

„Моментално сите се во добра состојба. Ја имаат добиено потребната медицинска нега и грижа. Значително е подобрена нивната здравствена состојба. Децата се на возраст од 6 до 12 години. Симптомите почнале од завчера, кај некои од нив на почетокот биле лесни, па потоа им станало полошо и се упатиле на нашата клиника“, кажа Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести. 

Надлежните сè уште немаат одговор на прашањето, што точно се случило и дали изворот на заразата е школската кујна или водата- бараат повеќе време, бидејќи како што велат, анализите траат подолго. Сите земени примероци се обработуваат во Институтот за јавно здравје.

„Ни треба време. Според протоколите потребни се 48 часа за да можеме да потврдиме нешто. Дали имаме сомнежи-да. Денес беше првото читање. Кај оние материјали кај кои имаме сомнеж повторно го ставивме на обработка. Во текот на утрешниот ден ќе имаме резултати“, изјави Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ.

Додека се чекаат резултатите, инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство влегоа во вонредни контроли во девет други основни училишта во Општина Карпош, кои со храна се снабдуваат од истата фирма.

„Во рамки на превентивните вонредни контроли во овие училишта, каде нема деца кои појавиле симптоми  на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабораториско тестирање“, соопштија од Агенција за храна и ветеринарство.

Во ОУ „Димо Хаџи Димов“ вчера голем број ученици се пожалија на стомачни тегоби. Кујната веднаш беше затворена, вработените испратени на вонреден преглед, а инспекторите земаа примероци од храната, површините и водата. Причината засега е непозната.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Конзервативниот коментатор Такер Карслон ги напушта Републиканците

Дејан Дејан

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе