Вести Економија Најважни

ЕСМ му понуди на ЕВН ХОУМ за околу 5 отсто поскапа струја, какви сметки ќе добиваат граѓаните од јануари?

ЕСМ му понуди на ЕВН ХОУМ за околу 5 отсто поскапа струја. Наместо по сегашните 62 евра, за домаќинствата и малите потрошувачи државните електрани на Универзалниот снабдувач, струја ќе му ја продаваат по цена од 65 евра за мегават час, три евра повеќе. Понудата на ЕСМ била единствената на тендерот.

ЕВН ХОМЕ како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 доби само една понуда и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегават час, за покривање на 100% од вкупно планираните количини, пишува во соопштението на ЕВН ХОУМ.

Деновиве регулаторите треба да донесат и  нова цена за пренос и дистрибуција. Тука влегуваат пресметките од МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција. Откако ќе се утврди,  ЕВН ХОУМ под надзор на регулаторите ќе ја пресмета крајната цена во која ќе влегуваат сите овие параметри, но најголем удел има понудата од ЕСМ.

65 евра за мегават час е далеку пониско од производната на ЕСМ која надминува 100 евра. Па, останува да се види како ќе функционира компанијата со ваква продажна цена. Состојбата таму веќе извесен период не е најдобра.

Според податоците кои ги доби Телма од ЕСМ, заклучно со септември нивните загуби се над 90 милиони евра. Во истиот период произвеле 30 отсто помалку од планираното, а за целосно да ги покријат потребите за набавки на струја потрошиле над 60 милиони евра.

Од друга страна јавните, државните претпријатија и општините на ЕСМ му должат околу 16 милиони евра. Но, заклучно со октомври од оваа сума во сопствената каса успеале да вратат само 710 илјади евра.

Инаку, новата цена на електричната енергија ќе важи од јануари, а ќе ја соопшти РКЕ.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе