Украина постигна договор со Меѓународниот монетарен фонд за нова четиригодишна програма вредна 8,2 милијарди долари. Премиерката Јулија Свириденко соопшти дека средствата ќе помогнат во покривање на критичните државни расходи и одржување на макрофинансиската стабилност.
Според Свириденко, договорот сега треба да биде одобрен од Извршниот одбор на ММФ. Украинската влада веќе го подготви буџетот за 2026 година во согласност со новата програма.
Премиерката нагласи дека Украина останува посветена на борбата против сивата економија и корупцијата, со цел да обезбеди поголема доверба и дополнителна меѓународна поддршка.
Т.Д.
