Две деца остануваат хоспитализирани на Детската клиника, а едно е пратено на домашно лекување.
Ваква е состојбата на основците од Димо Хаџи Димов кои со стомачни симтоми на повраќање и дијареа побарале помош од докторите.
На хоспитализираните деца во Детсската Клиника состојбата им е стабилна. На преглед во изминатите два дена дошле вкупно десеттина. Меѓу децата кои побарале лекарска помош е и помалиот син на премиерот.
Првичните резултати ќе се бидат готови денеска, а за официјалните, процесот може да потрае и подолго.
Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, потврди дека целата вечер се вршат лабораториски анализи на земените примероци од храна, вода, работни површини и од вработените во училишната кујна.
Случајот предизвика огромна загриженост меѓу родителите, откако голем број деца од училиштето се пожалија на симтоми на труење и веќе подолг период не посетуваат настава поради состојбата. Во текот на вчерашниот ден на некои од родителите им било јавено да ги земат децата од училиште, а некои и воопшто не ги пуштиле на настава.
К.К,
