На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа пешак легнат на булеварот пред гимназијата Јосип Броз Тито во центарот на Скопје.
Денеска (26.11.2025) во 17:22 часот во СВР Скопје пријавена е сообраќајна незгода на ул.”Димитрие Чуповски”, пред СУГС “Јосип Броз Тито”, помеѓу патничко возило “Хјундај” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.М. и пешак О.Д.(51) од Скопје. Веднаш по пријавата полициски службеници се упатени на лице место, каде возачот на возилото Б.М. е затекнат, додека О.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во КЦ “Мајка Тереза” за укажување помош. Известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, известија пд МВР.
На почетокот на овој месец на истиот булевар на пешаки премиен беше прегазена 79-годишна жена, а возачот избега од местото на несреќата.

Тешка сообраќајна несреќа се случи на еден од најпрометните булевари во центарот на Скопје. Велосипедист загина на лице место откако бил прегазен од патнички автомобил. Крвта на асфалтот и искршената шофершајбна сведочат за загубениот живот. Автомобил од марката пасат околу 12 часот и 30 минути го удрил велосипедистот кој веројатно се обидувал да помине на… Продолжи со читање













