Во скопската општина Ѓорче Петров, 22-годишниот И.Ј. ја внел својата поранешна 15-годишна партнерка во автомобил „Фолксваген Голф“. За време на настанот, тој физички ја нападнал и ѝ упатувал закани.
Следниот ден, мајката на девојката го пријавила случајот во полиција. Надлежните служби веднаш започнале со преземање мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите дополнителни околности.
По завршување на истражните постапки, против И.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Т.Д.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
