Вести Македонија Топ вести

Давитковски во Топ Тема: Формирањето анкетна комисија за случај за кој е започнато судењето е директно мешање на законодавната во судската власт

Анкетна комисија се формира за утврдување на одговорност за носители на јавни функции. За претходните случаи (Ласкарци, модуларната болница во Тетово и за „Беса транс“) имаме три правосилни пресуди, што значи дека Собранието не може и не смее за нешто што е „res judicata“ пресудена работа да расправа, рече универзитетскиот професор Борче Давитковски во вечерашната Топ Тема на Телма.

  • Парламентот сака да ги преиспитува пресудите на судската власт што не е дозволено никаде во светот. Втората теза дека сакаат да се преиспита случајот за Кочани исто така е задоцнето затоа што тоа се прави во моменти кога се случила несреќата до четири – пет месеци, односно не по почнувањето на судскиот процес. Нема никаква логика парламентот да расправа, да биде полиција, обвинителство и суд, во случај кога веќе имаме актуелен процес и тоа е директно мешање во судската власт, истакна Давитковски.

Според професорот Давитковски нашиот парламент, комплет сите 120 парламентарци „ја преспаа“ трагедијата во Кочани, тоа е факт.

  • Сите реагираа но не и парламентот, немаше ни комеморативна седница. И сега „пост фактум“ кога веќе обвинителството покрена обвинение, кога веќе почна судскиот процес, нема што да одлучува парламентот, нема веќе надлежност, туку се работи за кривично – правна одговорност. Политичката одговорност е секундарна, сега се утврдува кривично – правната. Ако некој од носителите на извршната власт требало да одговара, најверојатно обвинителството требало да покрене обвинение против него, вели Давитковски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе