Најмалку 36 луѓе загинаа во пожар што се прошири на седум облакодери во станбен комплекс во Хонг Конг, а 279 лица се водат како исчезнати.

Повеќе од 700 пожарникари се на местото на настанот обидувајќи се да го изгаснат пожарот во Ванг Фук Корт, каде живеат околу 4.600 жители.

Тамошната владата му оддаде почит на 37-годишен пожарникар кој загина борејќи се со пожарот, опишувајќи го како „посветен и лојален“.

Пожарот е класифициран како петто, најсериозно, ниво во Хонг Конг.
Околу 700 лица се евакуирани во привремени засолништа.

Бесниот пожар исфрлаше пламен во форма на столб и густ чад додека се ширеше на бамбусовите скелиња и целосно ја зафати градежната мрежа што беше поставена околу надворешноста на станбениот комплекс во округот Таи По во Хонг Конг.
Полицијата и противпожарната служба на Хонг Конг формираа работна група за да ја испитаат причината за пожарот, изјави извршниот директор Џон Ли.
Управата за домување и одделот за згради, исто така, започнаа истрага фокусирана на тоа дали противпожарните заштитни материјали на зградите ги исполнуваат потребните стандарди.
Министерот за безбедност Крис Танг вели дека брзото ширење на пожарот било „невообичаено“ и дека пожарот не требало толку брзо да ги зафати зградите доколку биле присутни регулирни материјали и скелиња.
