Вести Македонија Најважни

Бошкова, Апостолски и Георгиевски во финалето за македонски судија во Стразбур

Адвокатите Наташа Бошкова и Јордан Апостолски и деканот на Правниот факултет „Јустинијан први“ Сашо Георгиевски се тројцата кандидати чии имиња и биографии ќе бидат анализирани во експертскиот панел во Советот за Европа.

Комисијата за избор на судија за Европскиот суд за човекови права ги избра овие тројца кандидати  од вкупно 11 правници кои го минаа првиот филтер и беа на интервју.  Се воделе од критериумите на водичот на експертскиот панел-  да уживаат висок морален углед  да поседуваат квалификации за висока судска функција и да бидат правници признати како угледни стручњаци.

Деканот на правен, Сашо Георгиевски има богато искуство во наставата по право и објавени научни трудови, а предложените адвокати Бошкова и Апостолски имаат неспорно значајно искуство во областа на човековите права и добивале предмети во судот во Стразбур, објаснуваше претседателеот на Комисијата Дарко Костадиновски.

Ниту еден судија не влезе во финалето.

-Мал број кандидати го исполнуваа вториот услов, квалификации за вршење на судиска функција. Професорот Георгиевски е признат како угледен стручњак, додека, двајцата адвокати избрани имаат неспорно значајни искуства во предмети со човекови права, изјави Дарко Костадиновски, претседател на Комисијата за избор на Судија за ЕСЧП.

Костадиновски не добил гласачко ливче кога се гласало на деканот Георгиевски според насоките на Антикорупциска која препорача да се изземе поради постоење потенцијален судир на интерес затоа што професорот му бил ментор за магистерскиот труд, а и за докторската дисертација .

По препораките на ДКСК постапиле и директорката на Академијата за судии и јавни обивнители Ирина Трајковска Стрезоски и претседателот на Граѓанскиот суд Бесник Авдија при гласањето за други двајца кандидати.

Додека одлучуваше дкск постапката за избор паузираше, па сега Костадиновски не е оптимист дека целата процедура ќе заврши до јануари. Актуелниот судија Јован Илиевски ќе треба да остане уште некој месец плус во Стразбур.

Комисијата ќе ја извести Владата по што ќе биде испратен предлогот до Комитетот при Советот на Европа.

-Потоа ќе се спроведе постапка на интервјуирање од Комитетот при Советот на Европа, дури потоа предлогот оди на пленарен состанок на Совет на Европа. Следниот е во јануари, се сомневам дека ќе стигнеме, другиот е во април, до април треба да стигнеме, рече Костадиновски.

Ова е втора комисија и втора постапка за избор на судија во судот во Стразбур. Апостолски заедно влезе во тесниот круг и при првата постапка заедно со судијката Габриела Гајдова и обвинителката Ленче Ристоска, но владата летоска го поништи изборот и  ја разреши старата Комисија. Владата тврдеше дека не ги исполнувале условите но тројцата кандидати никогаш не добија образложение кои критериумите не ги исполниле. Ристоска за сите нерегуларности го известила Советот на Европа.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе