Вести Македонија

Само соработката меѓу НАТО и ЕУ може да ја осигура колективната безбедност

Бруталната војна која започна Русија на европско тло ги стави на испит НАТО и ЕУ и колективната безбедност, која може да се зачува само со трансатлантска соработка. Ова се е дел од пораките од конференцијата насловена како: „Навигација низ мултиполарноста: стратешките политики за НАТО, ЕУ и Југоисточна Европа“, во органзиација на Фодацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за европски студии „Вилфред Мартенс“ од Брисел, која се одража во Скопје, а од која беше испратена и порака дека проширувањето на Унијата е исто така дел од колективната безбедност на Европа

„Проширувањето има две свои страни, но компромисот е потребен за да може да им с екаже добредојде на нови членови за да се зајакне ЕУ долгорочно“, Еон Дре, од Центар за европски студии „Вилфред Мартенс“, Брисел.

За шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, современите закани се меѓусебно поврзани и непредвидливи, при што тој рече дека Западниот Балкан е сведок на засилени активности на злонамерни актери кои преку политички и економски влијаниј, но и дезинформации сакаат да ја ослабнат довербата во институциите и да го доведат во прашање евроатлантскиот курс на регинот.

„Овие трендови бараат интензивна, долгорочна и координирана реакција и од НАТО и од ЕУ. Наше барање е обезбедување на долгорочна стратегија од НАТО и ЕУ за регионот, кој ќе резултира со целосна интеграција на земјите од Западниот Балкан во структурите на НАТО и ЕУ“, рече Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

За подготвенста на САД да се грижат за трансатлантската безбедност порака испрати американската амбасадорки, Анџела Агелер.

„САД стојат цврсто зад НАТО и нашите НАТО сојузници. Ние сме посветени да обезбедиме таа остане најсилна алијанса и да биде најподготвена да се справи со потребите што пред неа ги поставува сегашноста“, рече Ангела Агелер, амбасадорка на САД.

Амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, пак рече дека секој мора да го даде својот придонес во јакнење на колективната безбедност, но и дека трансатлантската соработка мора да се фокусира на јакнење на безбедносното партнерство, инвестирање во економиите, но и јакнење на Европа.

„Тоа значи реформи внатре и проширување“, рече Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија.

На конференцијата се обрати и заменик-генералниот секратар на НАТО, Радмила Шеќеринска, која рече дека се потребни трансатлантски напори за јакнење на одбранбените капацитети на САД и ЕУ, за тие да ја здржат технолошка надмоќ и со тоа да ја гарантираат заедничката безбедност.

Тамара Грнчароска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Приходите од придонесите не ги покриваат исплатите на пензиите – утвдри ревизорот во ФЗОМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе