Вести Магазин Македонија

Се почесто има сопственици кои ги оставаат кучињата на скопските улици и не сакаат да ги земат, алармираат од Лајка

Девет кучиња кои имаат чипови и сопственик се најдени на скопските улици и се згрижени во Лајка, а сопствениците одбиваат да ги земат, алармираат за новиот тренд од скопското Јавно претпријатие Лајка.

-Се забележува континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно идентификувани сопственици. И покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите кучиња, оставајќи ги во ЈП „Лајка“ и создавајќи дополнителен притисок врз капацитетите на прифатилиштето, велат од Лајка.

Од препријатието предупредуваат дека напуштање на кучињата е законски прекршок иако за него нема предвидена казна, што значи дека грижата за домашните животни е оставена на сопствениците кои се однесуваат и спротивно на законот и на етиката.

-Напуштањето на кучиња претставува кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните, но за ваквите случаи не постојат предвидени прекршочни мерки кои би ги санкционирале сопствениците што свесно ги напуштаат своите миленици. Токму затоа, кучињата со микрочип кои се оставени да талкаат завршуваат кај нас — и тоа е системски проблем што мора да се решава, велат од Лајка.

-И покрај недостатокот на законски механизми, мора да постои минимум етичка обврска кај секој сопственик. Ако сте ја презеле одговорноста да чувате куче, оставате трага: микрочип, име, адреса. Но оставате и обврска, укажуваат од скопското јавно претпријатие.

Тие советуваат дека доколку сопствениците повеќе не може да се грижат „должни се да најдете соодветно решение: да контактираат прифатилиште, да побараат помош, да најдате нов дом, но никогаш да не го остават миленикот на улица.“

Секое од овие напуштени кучиња е потенцијален производител на нови легла на улица — што води до зголемување на бројот на напуштени миленици, нови генерации кои ќе страдаат и уште поголеми проблеми за заедницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе