Вести Економија Топ вести

ЕСМ во минус, граѓаните во исчекување – утре ќе се знае каква цена на струјата скрои владата

Дали ќе поскапи струјата, ќе се знае утре. Владата ја скрои новата цена по која ЕСМ ќе ја продава електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, но премиерот Мицкоски не открива која е сумата, односно дали ќе биде повисока од сегашните 62 евра за мегават час. Ќе се чека да заврши тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум на кој електрани треба да ја достават новата понуда. Сепак, Мицкоски уверува дека при носењето на одлуката, се внимавало да се зачува стандардот на граѓаните.

„Тоа е одлука на затворена седница на Влада. Ние се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, од друга страна да продолжиме со субвенционирањето, бидејќи пазарната цена на електричната енергија е околу 100-тина евра, а за првпат се спроведува јавна набавка за цела година, не само за половина година, така што во овој момент не можам да ја кажам цената, но бидете сигурни дека водиме грижа за стандардот на граѓаните“, изјави премиерот Христијан Мицкоски

До крајот на неделава и регулаторите треба да ја донесат новата цена за преносот и дистрибуцијата, ставка која е дел од сметките за електрична енергија. Но, во тој дел од РКЕ уверуваат дека нема да има некој промени. Сепак, какви фактури ќе добиваат граѓаните најмногу зависи од цената по која ЕСМ ќе ја продава својата струја.

Состојбата во компанијата веќе извесно време не е најдобра. Минусот на најголемиот производител со струја, заклучно со септември, надминува 90 милиони евра. Во истиот период произведени се 30 отсто помалку од планираното, а за набавка на електрична енергија потрошени се над 60 милиони евра.

Од друга страна продолжува да виси и прашањето што ќе се случува со блок тарифите за потрошувачка на струја. До Уставниот суд беше поднесена иницијатива со која се бараше да се укинат. Но, денеска се одлучи точката да се одложи затоа што треба да се испитаат дополнителни работи.

Од РКЕ за Телма соопштија дека и тие до судот доставиле мислење околу оваа иницијатива за да има целосна слика на работите. Каква и да биде одлуката на судот нема да ја коментираат и ќе ја почитуваат. Инаку, новата цена на струјата ќе важи од 1 јануари.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Дејан Дејан

Во земјоделското училиште во Битола се запишале три деца – Јаневска вели наставниците не биле доволно ажурни и не успеале да привлечат ученици

Дејан Дејан

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе