Uncategorized Вести Македонија Најважни

Новата цена на струјата од ЕСМ ќе важи цела година, а не шест месеци – евентуални корекции по потреба

Вчера на затворена владина седница беше утврдена новата цена на струјата од ЕСМ. Понудата за електраните ќе биде доставена утре на тендерот на ЕВН Хоум. Овојпат повикот е за цела година, а не за шест месеци. Тоа значи дека новата цена на струјата би важела за подолг период, а доколку има евентуална потреба, ќе се прави корекција.

Од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продава својата електрична енергија на универзалниот снабдувач најмногу зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните по Нова година. Сега мегават од ЕСМ чини 62 евра.

Премиерот Мицкоски синоќа не сакаше да открие дали ќе има поскапување. Рече само дека се ќе се знае наскоро. До крајот на месецот, РКЕ треба да донесе и нова цена за пренос и дистрибуција, но најави дека тука нема да има големи промени.

Инаку, ЕСМ, најголемиот производител на струја во земјата, извесен период се обидува да ја подобри ликвидноста која е нарушена. Загубите на компанијата заклучно со септември изнесуваат над 90 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар се приближуваат кон Бордо, Макрон свика итен состанок- над 300.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија

Kristina Kuzmanovski

Паднаа цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу Иран и САД

Kristina Kuzmanovski

Еден осомничен е уапсен, а друг се бара по пукотницата на фестивалот за храна во Сиетл, во која загинаа 3 лица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе