Вести Македонија

СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави мајките и бебињата без пари, породилното доцни и по 30 дена- ФЗО демантира

Владата на Мицкоски ги остави мајките и бебињата без пари, породилното доцни и по 30 дена, велат од СДСМ. Пашуваат дали е точно дека сите доцнења се заради неликвидноста на буџетот? Од Владата бараат фиксен датум за исплата на овие средства секој месец.

Надомест за породилно отсуство не се исплаќа истовремено и тоа е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец, велат од Фондот за здравствено осигурување.

  • Надоместот на породилно отсуство е процес поврзан со работодавачот на осигуреничката. Во моментот на исплата на плата од страна на работодавачот, УЈП доставува електронски информации за платените придонеси за соодветниот месец до Фондот, кои се обработуваат и одобруваат од подрачните служби, заедно со надоместоци за друг вид на боледувања, се доставуваат до Дирекцијата на Фондот. Оттука се доставуваат до УЈП за подготовка на МПИН.  Потоа  пресметаните надоместоци се исплаќаат континуирано.  Да потенцираме ФЗО исплаќа бруто надомест, односно пензиски и други придонеси, соопштуваат ФЗО.

Најголем дел од надоместоците се исплаќаат од 10 до 20 во тековниот месец, но има исплати и потоа до крај на месецот. Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот. Доколку има доцнење тоа е поради доцнење на пријава или на исплата на плати кај работодавачот.

 

Буџет за надоместоци има, и доказ за тоа дека заклучно во месец октомври 2025 година досега се обработени и исплатени 6.268 предмети на породилно отсуство. За споредба, во септември 2025 година биле обработени 7.319  предмети и за истиот број на лица е извршена исплата, со вкупен износ од 384 милиони денари. Тоа укажува дека дел од пресметките за октомври сеуште се во обработка и исплата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Инфлација под 3 проценти, анализа на цените – Кога ќе поевтини храната?

Дејан Дејан

ПИОМ е неликвиден, доцни со уплатите во вториот пензиски фонд и во ФЗО

Дејан Дејан

(видео) Мицкоски нема преку медиуми да разговара со Таравари за можна коалиција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе