Сопственикот на Рома кафе со реакција по приведувањето на српскиот турбо фолкер и негира информации кои беа објавени во јавност.Тврди дека не е сторено ниту едно прекршочно дело.
-Објектот за настанот беше издаден под наем и целата правна обврска и одговорност при инспекцискиот надзор е на тој правен субјект поткрепено со писмен договор. Аца Лукас имал валиден влез и запазен престој (со што е потврдено од судијата во основниот суд во Кавадарци). Настапот беше наменет за промоција на негова сопствена крипто валута, потенцираат во соопштението.
Од кафулето негираат дека во кафулето имало луѓе над капацитетот туку онолку колку што било дозволено од надлежните. Тротоарот за кој имало, но било одбиено барање до општината за користење, не се користел за настанот.
-Инспекторите од УЈП и ДПИ при извршената контрола ке поднесат соодветни поднесоци за дел од констатирани неправилности спрема правниот субјект. Рома кафе во насока со законските прописи и насоките од градоначалникот поднесе до Општина Кавадарци, Противпожарна единица, ЈЗУ Општа болница и до Полициска станица – Кавадарци. Во барањата е образложен целиот настан и нивна присутност поради поголем број на посетители (за кое имам писмен доказ). После пријавувањето за настанот добивме напатствија од надлежните институции како да настапиме на денот на настанот и истите беа исполнети од наша страна, велат од Рома кафе во Кавадарци.
Тое тврдат и дека не се точни наводите за загрозување на безбедноста бидејќи и по приведувањето на српскиот турбо фолкер и крипто инвеститор, кафулето продолжило да работи до 1:00, односно до крај на работното време.
-Што значи дека Рома кафе ги исполнувала сите потребни безбеднони услови и излези од објектот, и нема изречено казна. Исто така не е точно дека во објектот имало 700 гости, тоа се паушални изјави од луѓе кои не биле присутни. Во објектот имаше 400 гости што беше уредно пријавено и беа обезбедени сите услови за работа. Доколку немало услови за работа, надлежните институции пред започнување на настанот можеле да не известат дека не се исполнети условите во целост, затоа што 7 дена претходно сите беа уредно известени. Како сопственик на Рома кафе најмалку сакам да се случи некаков немил настан затоа секогаш работиме по највисоки стандарди, велат од кафулето кое постои 21 година.
