Вести Македонија Топ вести

Студентка за Телма: Не добив ваучер за лаптоп, бидејќи сум на втор циклус студии, некои сепак можеа

Како студент на втор циклус студии, се надевав дека можам да аплицирам за ваучерот, бидејќи навистина ми е потребен лаптоп“, вели студентка анонимно за Телма.

Студентка за Телма анонимно раскажа за нејзиното искуство со ваучерите наменети за електронски уреди. Иако ѝ е потребен ваучер, таа нема да го добие, бидејќи е на постдипломски студии, што за неа е дискриминација. Таа со вознемирен глас, дополнително раскажа дека и покрај ограничувањето, некои нејзини пријателки, сепак, го добиле ваучерот, а потоа биле одбиени.

Поради тоа што не била доволно информирана, а при нејзиното аплицирање на страната на е-услуги била одбиена и се обратила на пунктот за информации кој е под министерството за дигитална трансформација. Таму никој не ја прашал дали е на додипломски или постдипломски студии. Наместо тоа, ја спровеле во процесот со цел да си го оствари правото за ваучер. Сепак не успеала да аплицира.

Aплицирањето за ваучерите за електронски уреди излезе во понеделник на страната е-услуги, мерка која се спроведува од страна на министерството за дигитална трансформација и секретаријатот на Влада.

По објавата дека се отворени апликациите бројни студенти истиот ден добија ваучер при аплицирање, додека други имаа потешкотии, бидејќи не биле заведени во системот на МОН.

Некои, пак, кои ги добија ваучерите, беа бизнис ориентирани, па ги продаваа за пониски цени на други. Министерката за образование и наука вчера прашана за продавањето на ваучери меѓу студенти, рече дека Министерството не може ништо да направи во врска со тоа, па затоа ѝ препушта на совеста на студентите. Јаневска потенцира дека оваа мерка ги опфаќа само студентите кои се на додипломски студии.

И покрај тоа што во законот е наведено дека мерката ги опфаќа само студентите на додипломски студии, на самата апликација не е доволно прецизирано дали тоа се однесува и за студентите за втор циклус студии, кадешто всушност најчесто настанува забуната кај студентите.

Од Универзитетското студентско собрание упатија апел до институциите при носењето на вакви слични или различни мерки да бидат опфатени и студентите од втор и трет циклус студии.

„Во однос на тоа што определени студенти од втор циклус кои аплицирале, некои се здобиле со вредносни ваучери, а некои не. Очигледно се работи за системска грешка меѓу МОН и Министерството за дигитализација. Будно ја следиме ситуацијата и сме во постојана координација со МОН“, велат од Универзитетското студентско собрание. 

Oд министерството за дигитална трансформација за Телма велат дека досега се издадени 29.120 ваучери од кои 7.235 се искористени. Од oпозициската СДСМ денес ја обвинија Владата дека е неспособната за спроведување на оваа мерка поради хаосот кој настанал.

Мерката за електронски ваучери се спомна првпат во „100 дена Влада“ од страна на премиерот Мицкоски, a со неа се најави и мерката за обезбедување на средства од 10 милиони евра за млади до 29 години за отпочнување бизнис.

Теа Димковскa

Некои студенти ги продаваат ваучерите за електронски уреди, додека други се уште ги чекаат – Јаневска остава на совеста на студентите, бидејќи министерството со тоа не може да се справи

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе