Вести Локални избори 2025 Македонија Топ вести

Без потребен цензус во вториот круг од локалните избори

Во вториот круг од денешните локални избори не е потребен изборен цензус за да се избере градоначалник. Победник е кандидатот кој ќе освои најмногу гласови, без оглед на излезноста на гласачите. Доколку и денес не биде избран градоначалник во некоја општина, Владата, согласно Изборниот законик, ќе назначи повереник кој ќе ги извршува надлежностите на градоначалникот.  Државната изборна комисија има рок од 15 дена по завршувањето на изборите да ја извести Владата. Откако ќе го добие известувањето, Владата во рок од 15 дена треба да го именува повереникот и за тоа да го извести претседателот на Собранието, кој потоа треба да распише нови избори за градоначалник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите се приближуваат до Бордо, евакуирани стотици илјади луѓе

Kristina Kuzmanovski

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе