Локални избори 2025 Македонија Топ вести

МВР: Десет пријави за прекршување на избрниот молк, еден приведен

Министерството за внатрешни работи МВР соопшти дека за време на вчерашниот ден кој беше резервиран за изборен молк се случиле неколку прекршувања.

Заклучно со 7:00 часот утрово односно до отворањето на избирачките места, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани, информираат од МВР

  • „Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови. Во врска со вчерашното гласање регистриран  е  настан за  фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, при што е приведено едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот“ ,велат од МВР.

Од таму додаваат и дека на сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници кое траеше во текот на вчерашниот ден помина без нарушување на гласањето

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Забрана за пиење вода во Булачани, СДСМ бара итни анализи

Kristina Kuzmanovski

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе